ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ШВЕДСКИ АКТЕР МАКС ФОН СИДОВ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ШВЕДСКИ АКТЕР МАКС ФОН СИДОВНајславна улога на Макс фон Сидов е во „Седмиот печат“ на Бергман од 1957, во кој игра шах со Смртта. (Фото: Гардијан)

    Макс фон Сидов, шведскиот актер кој се прослави со улогите во неколку легендарни филмови на Ингмар Бергман пред да стекне светска слава, почина на 90 години. Неговата најславна улога е во „Седмиот печат“ на Бергман од 1957, во кој игра шах со Смртта.

    Одиграл над 100 улоги во разновидни филмови, од кои 10 на Бергман. Ја играше и улогата на Исус Христос во „Највеличествената приказна“ (1965), и на проколнат свештеник во „Истерувач на ѓаволот“ на Вилијам Фридкин, како и уметник во „Хана и нејзините сестри“ на Вуди Ален (1986), и во „Дина“ на Дејвид Линч (1984).

    Роден во богато семејство во Лунд на шведското крајбрежје, фон Сидов студирал на државната школа за драма пред да се запознае со Бергман во 1955. Заедно работеа на тетарски претстави, но брзо создадоа серија филмски класици кои им ги зацементираа кариерите. „Седмиот печат“ беше снимен истата година како и „Диви јагоди“, следеа „Раб на животот“, „Беснило“ и „Магионичарот“ во 1958, „Зимско светло“ (1963) и „Девствениот извор“ (1980).

    Стекна нови генерации обожаватели со камеото во „Симпсонови“ и во „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ (2011), „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (2015) и во „Игри на троновите“ како митското суштество Троокиот Прч.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира