СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ГО ПРОГЛАСИ КОВИД-19 ЗА ПАНДЕМИЈА

    СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ГО ПРОГЛАСИ КОВИД-19 ЗА ПАНДЕМИЈАСЗО ги повика земјите на итна и агресивна акција (Фото: АП)

    Светската здравствена организација и официјално го прогласи ширењето на коронавирусот КОВИД-19 за пандемија.

    Шефот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека бројот на заразени надвор од Кина 13-кратно се зголемил во последните неколку недели.

    „Длабоко сме загрижени поради алармантното ниво на инертност околу вирусот“, изјави Гебрејесус.

    Една болест се прогласува за пандемска кога ќе се прошири во голем број земји во исто време. Според Гебрејесус, прогласувањето пандемија не значи дека СЗО ги менува препораките до државите што треба да преземаат. Тој ги повика владите да го променат курсот на ширењето на заразата со преземање итни и агресивни мерки.

    „Неколку земји покажаа дека вирусот може да се потисне и контролира“, изјави тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира