ФРАНЦУСКО ГРАТЧЕ МУ ПРКОСЕШЕ НА КОРОНАВИРУСОТ СО НАЈГОЛЕМАТА ПАРАДА НА ШТРУМФОВИ НА СВЕТОТ

    ФРАНЦУСКО ГРАТЧЕ МУ ПРКОСЕШЕ НА КОРОНАВИРУСОТ СО НАЈГОЛЕМАТА ПАРАДА НА ШТРУМФОВИ НА СВЕТОТВо парадата учествуваа над 3.500 луѓе (Фото: Гети)

    Среде големата вознемиреност што владее низ Европа и светот поради наглото ширење на коронавирусот, што денеска кулминираше со прогласување пандемија, мал град во северозападна Франција одлучи да живее и ја одржа најголемата парада на Штрумфови на светот.

    „Не смееме да престанеме да живееме. Ова беше шанса да покажеме дека сме живи“, кажа градоначалникот на Ландерно, Патрик Леклерк.

    И покрај стравот од заразата, над 3.500 луѓе си ги обоија телата во сино и се собраа на локален паркинг, играјќи на диско хитови, избрани од диџеј Штрумф.

    „Нема ризик, ние сме Штрумфови. Да, ние ќе го отштрумфаме коронавирусот“, изјави еден фан на популарниот белгиски анимиран филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира