ШТИПСКАТА БАЊА КЕЖОВИЦА ВРЕМЕНО ГО УКИНУВА БЕСПЛАТНОТО КАПЕЊЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

    ШТИПСКАТА БАЊА КЕЖОВИЦА ВРЕМЕНО ГО УКИНУВА БЕСПЛАТНОТО КАПЕЊЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕОпштите оддели нема да работат и за останатите граѓани додека траат мерките против коронавирусот (Фото: СДК.МК)

    Додека траат мерките за заштита од коронавирусот бањата Кежовица во Штип го редуцира своето работење, а од утре времено го укинува и бесплатното капење за пензионерите.

    „Над 600 пензионери од Штип повеќе од три години уживаа во поволноста секој вторник бесплатно да ги користат термо минералните води на Кежовица и нејзините капацитети. Од утре времено ќе се укине бесплатното капење за да се спречат масовните собирања на пензионерите“, вели раководителот Мите Тушев.

    Тој додава дека општите оддели нема да работат и за останатите граѓани затоа што во овој период на заштитни мерки се предвидуваат одредени реновирања, адаптирања и дезинфекции на бањата.

    Според Тушев, ќе работат само посебните затворени туш и када оддели. Цената за туш капење изнесува 50 денари за деца и 80 за возрасни, а за кадите 300 денари.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира