Доналд Трамп вечерва предупреди дека САД би можеле да влезат во рецесија поради ширењето на коронавирусот.
„Ова е како да се бориме против невидлив непријател. Мојот фокус е на тоа да го решам проблемот, а тоа е вирусот. Потоа сѐ ќе си дојде на свое место“, кажа Трамп.
Тој најави дека кризата со КОВИД-19 во САД би можела да трае и цело лето.
„Очекуваме да трае до јули, можеби август, ако не и подолго“, рече Трамп, додавајќи дека одложување на изборите е непотребно.
Тој им препорача на луѓето да избегнуваат ресторани, барови и јавни простори, како и непотребни патувања, но засега нема намера да прогласи национален карантин.
Во исто време и Русија објави дека на странците ќе им биде забранет влез во земјата до 1 мај, а и Канада ги затвори своите граници за странски државјани.