Во Италија во последните 24 часа починале 345 луѓе од коронавирусот, со што трет ден по ред во земјата има над 300 мртви.
Вкупната бројка починати во Италија сега се искачи на 2.503.
Специјалниот комесар Анџело Борели информираше дека се регистрирани и 3.526 новозаразени, а вкупната бројка од почетокот на кризата изнесува 31.506.
Властите предупредуваат дека здравствениот систем во Ломбардија и Бергамо е пред колапс и нема веќе слободни места на интензивна нега. Сите 80 кревети резервирани за најтешките случаи на коронавирус во болницата во Бергамо се зафатени.