Нема ограничување во слободата и слободното движење на граѓаните, и денес се е исто, животот си продолжува како и вчера кога немаше вонредна состојба, кажа техничкиот премиер Оливер Спасовски. Во сила остануваат истите мерки што ги донесе претходно Владата, нови нема.
Тој кажа дека нормален е протокот на стока, прехранбени продукти и лекови.
Исклучок се само Дебар и Центар Жупа, зашто тие се утврдени жаришта на корона вирусот и таму имаме прогласено кризна состојба.
Она што е различно од вчера, рече министерката за правда Рената Дескоска, е дека Владата може да носи уредби со сила на закон, како и да менува закони донесени од Собранието. Како професорка по уставно право таа предупреди дека уставот забранува дискриминација во вонредна состојба по сите основи и ги прочита на денешниот прес.
С. К. ДЕЛЕВСКА