ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ОДЛОЖЕНИ, ДИК СО ЖДРЕПКА ЌЕ ГИ ИЗВЛЕКУВА РЕДНИТЕ БРОЕВИ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ

    ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ОДЛОЖЕНИ, ДИК СО ЖДРЕПКА ЌЕ ГИ ИЗВЛЕКУВА РЕДНИТЕ БРОЕВИ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕВчера претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба по претходен консензус на сите парламентарни партии. - Од седница на ДИК (Фото:СДК.МК)

    Државната изборна комисија на денешната седница, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесени листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

    На оваа седница, Комисијата ќе ја спроведе и ждрепката за редните броеви на кандидатските листи во гласачкото ливче.

    „Имајќи ја предвид настанатата состојба со епидемијата со вирусот COVID 19 и воведената вонредна состојба во Република Северна Македонија, Ве известуваме дека на седницата нема да бидат повикани овластените претставници на подносителите на листите а ждрепката ќе ја изврши Државната изборна комисија на јавна седница.
    65-та седница на Државната изборна комисија ќе оди во живо на фејсбук страната на ДИК за да можат сите заинтересирани да ја следат”, соопшти ДИК денеска.

    Вчера претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба по претходен консензус на сите парламентарни партии. Иако има консензус и за одлагање на изборите закажани за 12 април 2020 година, тие уште не се одложени.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира