Катастрофалната ситуација во Италија и натаму продолжува откако во последните 24 часа починале дури 793 луѓе, што е убедливо најголема бројка мртви во еден ден. Ова следува ден откако во Италија имаше 627 починати од коронавирусот.
Италијанските медиуми објавија дека само во Ломбардија во еден ден починале 546 луѓе.
Во последните 30 дена, во Италија од КОВИД-19 починале вкупно 4.825 луѓе.
Специјалниот комесар Анџело Борели извести дека има и 6.557 новозаразени, а вкупната бројка досега е 53.578.
Бројката починати е во постојан пораст и во Шпанија. Таму во последните 24 часа починале 324 луѓе, за да се искачи на вкупно 1.326. Во земјата досега се регистрирани 24.926 позитивни тестови.