СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЗАГРЕБ, ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, НЕМА ПОДАТОЦИ ЗА ЖРТВИ ИЛИ ПОВРЕДЕНИ

    СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЗАГРЕБ, ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, НЕМА ПОДАТОЦИ ЗА ЖРТВИ ИЛИ ПОВРЕДЕНИ

    Два силни земјотреси утринава го потресоа Загреб и северозападна Хрватска. Според сеизмолошката служба првиот земјотрес од 5,5 степени бил во 6.24,а вториот половина час подоцна бил со јачина од 5 степени. Нема податоци за евентуални жртви, или повредени. Првите податоци од локалните власти се дека се пријавени неколку случаи на лесни повреди.

    Во центарот на градот се забележуваат бројни оштетувања на зградите. Паднат е и врвот на катедралата во центарот на градот.

    Полицијата апелираше луѓето што се излезени на улица да не се приближуваат меѓусебно поради коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира