ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА СО УРЕДБА ГИ ОДЛОЖИ ИЗБОРИТЕ НА 12 АПРИЛ

    ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА СО УРЕДБА ГИ ОДЛОЖИ ИЗБОРИТЕ НА 12 АПРИЛОваа одлука е донесена заради заради тоа што Собранието не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање, а во земјава е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот.- техничкиот премиер Оливер Спасовски (Фото: Влада)

    Владата донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес, соопштија од владината служба доцна ноќеска.

    Оваа одлука е донесена заради заради тоа што Собранието не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање, а во земјава е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот.

    „Со оваа Уредба Владата ја задолжува Државната изборна комисија да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, кои ќе продолжат откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба. Уредбата исто така, определува задолжување за Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија“, соопштија од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира