БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕАЛ МАДРИД ЛОРЕНСО САНС ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕАЛ МАДРИД ЛОРЕНСО САНС ПОЧИНА ОД КОВИД-19На чело со Санс, Реал го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите по 32 години (Фото: Гети)

    Бившиот претседател на Реал Мадрид, Лоренсо Санс, почина вчера на 76 години откако се заразил со коронавирусот.

    Санс беше на чело на клубот од 1995 до 2000 година, период во кој беа освоени две титули во Лигата на шампионите, при што беше прекинат пост од 32 години и беа доведени играчи како Кларенс Сидорф, Роберто Карлос, Никола Анелка и Давор Шукер.

    Тој замина од функцијата во 2000 година, откако на претседателските избори беше победен од Флорентино Перес, кој потоа го постави концептот „Галактико“.

    Семејството на Санс објави дека тој бил хоспитализиран на 18 март откако развил пневмонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира