СО ЈАВНИ КОМШИСКИ МУАБЕТИ ЌЕ СЕ СПАСУВА ПАРКОТ ВО ТАФТАЛИЏЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО ЈАВНИ КОМШИСКИ МУАБЕТИ ЌЕ СЕ СПАСУВА ПАРКОТ ВО ТАФТАЛИЏЕ

     

    Жителите на Тафталиџе најавуваат нова форма на отпор против петкатницата во паркот на улица Букурешка. В понеделник во 19 часот, организираат средба „Први тафталиџански комшиски муабети“ со заштита на паркот како главна тема за разговор.

    „После повеќенеделното макотрпно бранење на паркот решивме овојпат да одржиме настан кој ќе го покаже Тафталиџе 1 во својот полн потенцијал и ќе го поттикне маалското живеење и интеракција кои ни се потребни за да го зачуваме јавниот интерес на населбата. Програмата се состои од музички дел за кој ќе се грижат нашите ценети комшии Бета хаус и диџеј Ири Скреч. Ќе се одржи трибина ’Маалски муабети’ на која соседите ќе можат да ги искажат проблемите и предлозите за унапредување на урбаното живеење во нашата населба. Ќе завршиме со изложба ’Тафталиџе низ генерациите’ на која ќе бидат претставени фотографии од настанувањето на населбата па се до денес. На настанот ќе бидат соопштени и следните чекори на иницијативата ’Зелено тафталиџе’ за зачувување на паркот“, велат организатрите на комшиските муабети.

    Цело лето, жителите на Тафталиџе го бранат паркот од багерите, кои, неколку пати се појавија за да почнат да копаат темели за петкатна зграда. На секое појавување на градежниците, жителите за миг се оргназираа и се распоредуваа во паркот за во него да не може да влезе механизацијата. Неуспешни беа и обидите кога зградите околу паркот беа полупразни, поради годишните одмори. Пензионерите останати дома, излегоа пред багерите.

    Иако беа спречени сите досегашни обиди за почеток на изградбата, жителиете не се опуштаат.  Велат дека постојано се на штрек за да не се појави некој што би почнал да гради.

    Инвеститор на петкатницата е Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станебен и деловен простор од посебно значење од каде велат дека не ја откажуваат градбата и поркрај отпорот на жителиете на населбата, а информираа и дека поднеле кривична пријава против непознат сторител за спречување градежни активности.

    Не се откажуваат од заштита на паркот ниту жителите на Тафталиџе. Тие веќе направија петиција за измена на планот и бришење на зградата која е испратена до Општина Карпош, а најавија дека ќе ги поведат и сите правни постапки кои им стојат на располагање.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира