24 НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАВА, ДВЕ ЛИЦА ИЗЛЕКУВАНИ И ПУШТЕНИ ДОМА, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    24 НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАВА, ДВЕ ЛИЦА ИЗЛЕКУВАНИ И ПУШТЕНИ ДОМА, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОВкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.(Фото: К. Попов)

    Дваесет и четири нови случаи со коронавирус се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

    Новите случаи по градови се регистрирани во Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1).

    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (123), Дебар (43) од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Гостивар (1) и  Тетово (1).

    „Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на КОВИД- 19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати“, велат од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира