ВИКЕНДОВ ЌЕ НЕМА ПАТНИЧКИ ВОЗОВИ ПОРАДИ ПРОДОЛЖЕНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    ВИКЕНДОВ ЌЕ НЕМА ПАТНИЧКИ ВОЗОВИ ПОРАДИ ПРОДОЛЖЕНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАСИсклучок ќе бидат само возовите од Кичево и од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Патничкиот железнички сообраќај во земјава, викендов нема да се одвива, освен утринските возови од Велес и Кичево кон Скопје и тоа во сабота. Ова го соопштија од МЖ АД Транспорт а по воведувањето на продолжениот полициски час кој преку викенд е од 16 до 5 часот наутро.

    „Се врши и времена измена во возниот ред, со тоа што патничките возови во деновите за викенд-сабота и недела, нема да сообраќаат. Исклучок од ова ќе бидат само возовите од Кичево и од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје“, соопштија од Македонски железници АД Транспорт.

    Во патничкиот железнички сообраќај не сообраќа возот од и кон Кочани, ниту од и за Табановце и Куманово. Поради одрон на пругата кон Битола, кај железничка станица Стари Град железничкиот сообраќај во овој правец две седмици е во прекин. Патничкиот железнички сообраќај во Македонија се одвива од Скопје кон Велес и обратно, каде сообраќаат пет возови, еден од Скопје за Гевгелија и обратно и од и кон Кичево. Директорот на МЖ АД Транспорт неодамна кажа дека дневно патуваат по 480 лица на сите линии во земјава, додека лани во истиот период бројката била 1.750 патници дневно.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира