500 МАСКИ ИСПЕЧАТЕНИ СО 3-Д ПРИНТЕРИ ДОСТАВЕНИ ВО ГОЛЕМ БРОЈ КЛИНИКИ, ТИМОТ НАЈАВУВА 6 ИЛЈАДИ ПАРЧИЊА

    500 МАСКИ ИСПЕЧАТЕНИ СО 3-Д ПРИНТЕРИ ДОСТАВЕНИ ВО ГОЛЕМ БРОЈ КЛИНИКИ, ТИМОТ НАЈАВУВА 6 ИЛЈАДИ ПАРЧИЊАПокрај готови маски, материјал за работа е испратен до сите помали производствени групи по градовите низ државата, а ќе им се помогне и на матичните лекари и приватните здравствени установи. (Фото: „Навигаторс“)

    Околу 500 маски со визири испечатени на 3-Д принтери изминативе денови беа доставени во повеќе клиники и институции како Клиника за гинекологија и акушерство, Урологија, Институт за трансфузиона медицина, Гастроентерохепатологија, Клинички Лаборатории, Хематологија, Кардиологија, Неврологија, Неврохирургија, Радиологија, Онкологија, Пулмологија, Дигестивна хирургија,  Торакална хирургија, Општа болница Куманово и Итна помош Куманово.

    Екипата од иницијативата, на чело со ортопедскиот хирург од Градската општа болница „8 Септември“ Александар Каревски, во која има доктори, дизајнери, професори во изминативе два дена работи со полна пареа. Целата иницијатива започна со неколку 3-Д принтери, а моментално се работи со над 50.

    „Со ова темпо планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири во најкраток можен рок“, велат од тимот.

    На изработка на маските работат волонтери на повеќе од 35 приватни и комерцијални 3-Д принтери. Покрај оваа количина на маски доставена во Скопје, помали тимови од Куманово, Битола, Охрид, Прилеп веќе работат со своите домашни 3-Д принтери за да се снабдуваат и медицинските работници директно на локално ниво. (Фото: „Навигаторс“)

    Покрај готови маски, материјал за работа е испратен до сите помали производствени групи по градовите низ државата, а ќе им се помогне и на матичните лекари и приватните здравствени установи.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира