И МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА НА РАСПИТ ВО СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА НА РАСПИТ ВО СЈО

    Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство.  Од СЈО не кажуваат во кое својство и за кој случај е повикана министерката.

    Канческа – Милевска беше државен секретар за култура во периодот 2006-2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“. Во нејзиниот мандат како министерка за култура од јули, 2008 до сега, се реализира овој проект кој беше најавен дека ќе чини 80 милиони, а досега чини 640 милиони евра. За криминалите на власта во „Скопје 2014“ исто така има и истрага на СЈО.

    Во еден од прислушуваните разговори од бомбите што лани ги објави опозицијата, министерката за култура Канческа – Милевска  во разговор со ексминистерот за транспорт Миле  Јанакиески вели дека на многу објекти во центарот на Скопје кои биле под заштита како споменици на културата, им го одземале тој статус додека да се сменат фасадите, а потоа пак ги ставале под заштита како споменици на културата.

    „Одредени фасади во градот, без разлика кои, биле споменици на култура. Премиерот рекол: Вадете ги, за да не се споменици на култура, за да ние си правиме што сакаме. Конзерваторски ги извадило, во Планот влегле дека не се споменици. Сега ние бараме, и бидејќи не се споменици, дава дозвола општина Центар. Ние сега бараме ти да даваш дозвола. За ти да даваш дозвола тие треба да бидат споменици,“ му вели Канческа – Милевска на Јанакиевски, ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески.

    Јанакиески инаку е осомничен во случаите „Титаник“ и „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство и со рекордни 16 помилувања беше на врвот на листата од 56-те помилувани од претседателот Ѓорѓе Иванов што сега е повлечена.

    Минатиот понеделник на распит во СЈО дојде и ексминитерот за култура Арифхикмет Џемаили од ДПА, во чиј мандат државна секретарка беше Елизабета Канческа – Милевска. Во ноември 2007, тие заедно ги бирале восочните скулптури за Музејот на ВМРО, едно од првите активности за почнување на проектот „Скопје 2014“. Тие заедно биле во “Мадам Тисо” во Лондон, а Канческа-Милевска од таму продолжила во музеите во Санкт Петербург и во Москва. Во тоа време Џемаили ја наградил Канческа-Милевска со хонорари од 40 илјади денари за секој проект. Ова го откри СДСМ во декември, 2010 кога ја објави аферата „патриотска метла“, за губењето на тендерска документација за многу проекти вклучувајќи и неколку од „Скопје 2014“. Канчевска ја негираше аферата, но пред тоа врати 160 илјади денари во готово, за што не се наведувал датумот и архивскиот број.

    На 18 мај годинава СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека работи на 4 предмети во врска со криминал во „Скопје 2014“. На 26 јули, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ги предаде во СЈО двата ревизорски извештаи за „Скопје 2014“, од кои едниот е подготвен во август 2013 година. Овие материјали уште тогаш беа предадени во јавното обвинителство, кое три години не ги процесуира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира