Суд во Србија осуди маж на три години затвор за непочитување на наредбите за самоизолација.
Државната телевизија РТС објави дека првата ваква пресуда во земјата била изречена на судење што преку видео-линк се одржало во источниот град Димитровград. Жител на село во близина на Пожаревец, пак, доби две години затвор зашто самоволно ја напуштил изолацијата.
Дури 112 луѓе се наоѓаат во притвор во Србија поради непочитување на наредбата да седат дома и чекаат судење.
Во карантин се околу 50.000 луѓе, главно оние кои се вратиле во земјата од странство после 15 март, кога беше прогласена вонредна состојба.
Во Србија досега има 457 случаи на коронавирус, а осуммина починале.