ОД ПОНЕДЕЛНИК  650 ВРАБОТЕНИ НА „МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА“ НА КОЛЕКТИВЕН ПЛАТЕН ГОДИШЕН ОДМОР

    ОД ПОНЕДЕЛНИК  650 ВРАБОТЕНИ НА „МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА“ НА КОЛЕКТИВЕН ПЛАТЕН ГОДИШЕН ОДМОРФабриката која работи во близина на Велес, произведува автомобилски делови за гигантите „Мерцедес“ и „Порше“ (Фото: СДК.МК)

    Раководството на „Маркарт Македонија“, компанијата која има фабрика во  близина на Велес, одлучи од понеделник 650-те вработени да не одат на работа, ќе бидат на колективен платен одмор. Дома ќе седат најмалку една седмица, а кога ќе продолжат со работните обврски ќе зависи од развојот на состојбата со коронавирусот во земјава.

    „Во зависност од развојот на настаните, согласно препораките на Владата и најважно од сè, здравјето и безбедноста на нашите вработени ќе зависи отпочнувањето со работа како и интензитетот и капацитетот на работа“, се вели во писмената информација на  менаџментот на „Маркарт Македонија“.

    Како проблем во работењето ги  посочуваат  зголемени трошоци за испорака,  оневозможена е посетата од нивните  клиенти, како и сервисерите на  опремата кои доаѓаат  од Германија, Романија, Србија. Велат дека  досегашниот работен процес дека го организирале  благодарејќи  на флексибилноста на вработени, со одредени потешкотии и препреки успеале  да ја организираат работата. Фабриката произведува автомобилски делови за  гигантите „Мерцедес“ и „Порше“.

     П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира