ОСУДЕНИОТ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИК ТАЛЕСКИ НЕМА ДА ОДИ ВО ШУТКА ТУКУ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР, ПОРАДИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ЗА КОРОНАВИРУС

    ОСУДЕНИОТ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИК ТАЛЕСКИ НЕМА ДА ОДИ ВО ШУТКА ТУКУ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР, ПОРАДИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ЗА КОРОНАВИРУСТалески за незаконскиот транспорт на учениците и одлевање на 34 милиони денари денеска беше осуден на казна затвор во траење од 8 години (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, кого денес советот во Кривичниот суд на чело со судија Добрила Кацарска го осуди на казна затвор во траење од 8 години, нема веднаш да оди во притвор, како што е праксата за повисоките казни од пет години.

    На предлог на обвинителот Трајче Пеливанов, Талески ќе замине во домашен притвор. Пеливанов предлогот го објасни со тоа што во државата е воведена вонредна состојба поради пандемијата со корона вирус и на сила се мерки од владата кои подразбираат и полициски час. Но, и поради опасност од загрозување на здравјето на осудените лица во затворите, каде нема ниту еден заразен со коронавирус.

    Талески и 20-темина осудени во случајот „Транспортер“ се неправосилно осудени и имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје. Но, жалбата во неговиот случај, како и на осудениот соработник од општина Битола Слободан Бончановски кој доби затворска казна од 6 години, не ја одлагаат мерката притвор. И Бончановски оди во куќен притвор.

    Сите 21 обвинети, се осудени првостепено за злоупотреба на службената положба и овластувањата со превоз на основци и средношколци на територијата на општина Битола, кои добиле на тендер кој бил незаконски. Осумтемина условно осудени тогашни директори на училиштата прифаќале бланко фактури од 11 превозници кои си допишувале суми над договорената вредност и ги препраќале до општината. Општината им исплаќала колку што побарувале и сите заедно го оштетиле буџетот во износ од 34 милиони денари или 560 илјади евра, кои, според пресудата, ќе мора да ги вратат.

    Превозниците беа осудени на затворски казни од 2,3 до 2,10 години затвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира