ШВЕДСКАТА ВЛАДА ПОБАРА ПОГОЛЕМА МОЌ ЗА ДА МОЖЕ ДА ПРОГЛАСИ КАРАНТИН ЗА КОРОНАВИРУС

    ШВЕДСКАТА ВЛАДА ПОБАРА ПОГОЛЕМА МОЌ ЗА ДА МОЖЕ ДА ПРОГЛАСИ КАРАНТИН ЗА КОРОНАВИРУСШведска досега не воведе драстични мерки, туку само препораки до граѓаните

    Шведската влада побарала да добие поголема моќ што ќе ѝ овозможи да прогласи карантин во земјата или да воведе построги ограничувања во јавниот живот без прво да ѝ треба одобрение од парламентот за тоа, објавија тамошните медиуми.

    Ако ова биде одобрено, шведската влада за првпат по Втората светска војна би имала така голема моќ.

    „Тоа би било уникатно за Шведска, зашто владата ќе може да забрани јавни собири, затвори трговски центри и да воведе ограничувања во сообраќајот. Овие мерки треба итно да се спроведат за да се спречи ширењето на коронавирусот“, изјави Марк Кламберг, професор по меѓународно право на Универзитетот во Стокхолм.

    Шведскиот пристап кон коронавирусот важи за контроверзен, бидејќи таа е една од последните европски земји која не ги затвори училиштата, рестораните и кафулињата. Владата досега не воведе драстични мерки, туку само препораки до граѓаните, потпирајќи се на нивната самоодговорност.

    Во Шведска досега има 6.443 заразени и 373 починати од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира