НОВИ 72 РЕГИСТРИРАНИ ПАЦИЕНТИ СО КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА, ПОЧИНА 63-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЛАБУНИШТА

    НОВИ 72 РЕГИСТРИРАНИ ПАЦИЕНТИ СО КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА, ПОЧИНА 63-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЛАБУНИШТАПолицискиот час викендов почнува од 16 часот до 5 часот наутро. (Фото: К. Попов)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63-годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика, објави Министерството за здравство.

    За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

    Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

    Од оваа клиника, со два контролни негативни теста, денес си заминуваат 3 пациенти.

    Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица, од кои 23 излечени и 18 починати. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

    Скопје – 235

    Куманово -114

    Дебар – 49

    Штип-19

    Прилеп – 33

    Тетово – 29

    Струга – 24

    Велес – 10

    Битола – 6

    Охрид – 3

    Кавадарци – 2

    Гостивар – 4

    Гевгелија – 4

    Струмица – 2

    Крива Паланка- 2

    Радовиш -3

    Крушево – 2

    Кочани – 14

    Во изминатото деноноќие направени се 371 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 285, преку Ветеринарен факултет – 7, Авицена – 0, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 55. Досега во земјата се направени 5.291 тестирања на КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира