СТРУЧНИТЕ СЛУЖБИ ОД ПОРАНЕШНОТО СЈО ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ЗА ДА НЕ ТУЖАТ, ИСТРАЖИТЕЛИТЕ СЛОБОДНИ ДА БИРААТ МЕЃУ МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    СТРУЧНИТЕ СЛУЖБИ ОД ПОРАНЕШНОТО СЈО ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ЗА ДА НЕ ТУЖАТ, ИСТРАЖИТЕЛИТЕ СЛОБОДНИ ДА БИРААТ МЕЃУ МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТОАко државата си дозволи овие трошоци да бидат наплатени по судски пат, во тој случај средствата кои би биле платени од Буџетот би биле многу поголеми заради каматите, судските и адвокатските трошоци, вели Владата. (Фото: СДК.МК)

    Стручните служби во СЈО кое уште не е законски укинато, а кои спремаа тужби против државата за заостанатите плати, добија средства од Владата со уредбата донесена на втори април.

    Владата одобрила средства за да може Државниот обвинител Љубомир Јовески да ги плати и заостанатите долгови за струја, вода, парно, телефони и интернет на зградата на СЈО, за да се избегнат тужбите и од овие доверителски компании.

    „Владата донесе уредба со законска сила со која се регулираат определени отворени прашања кои се однесуваат на СЈО, а за кои во моментов постои правна празнина бидејќи новиот Закон за јавно обвинителство сè уште не е стапен во сила. Уредбата со законска сила ги регулира прашањата согласно новиот Законот за јавно обвинителство којшто ќе почне да се применува на 30 јуни 2020 година, кога СЈО ќе престане да постои, а дотогаш државата мора да надмине одредени правни состојби. Потсетуваме дека сите јавни обвинители од СЈО се вратени во матичните обвинителства од кои дошле. Во СЈО има вработени стручни служби, како јавнообвинителски службеници и помошно-технички персонал, кои имаат важечки договори за вработување кои произведуваат правни последици“, соопшти Владата.

    Ако државата си дозволи овие трошоци да бидат наплатени по судски пат, во тој случај средствата кои би биле платени од Буџетот би биле многу поголеми заради каматите, судските и адвокатските трошоци, вели Владата.

    „Никако не станува збор за зафаќање нови или дополнителни средства, туку се работи за веќе планирани средства кои се однесуваат само на платите на стручните служби и на тековните комунални трошоци, а не и за обвинителите кои веќе се прераспределени во други обвинителства каде остваруваат плата“, се прецизира во соопштението кое произлезе по бројните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата во пандемска и економска криза дава пари на СЈО.

    Сега стручната служба на СЈО има потписник, па кој сака од нив може и да си даде отказ, што досега не можеше без потписник. Истражителите, пак, ќе може да се вратат во МВР откај што дојдоа, а може да видат распределени и во други обвинителства.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира