ИТАЛИЈА СО НАЈМАЛКУ НОВОЗАРАЗЕНИ ОД 10 МАРТ, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СО НАЈМНОГУ МРТВИ ВО ЕДЕН ДЕН

    ИТАЛИЈА СО НАЈМАЛКУ НОВОЗАРАЗЕНИ ОД 10 МАРТ, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СО НАЈМНОГУ МРТВИ ВО ЕДЕН ДЕНБројот на починати во Италија и Шпанија е поголем во споредба со вчера (Фото: ЕПА)

    Во Италија продолжи да паѓа бројот на новозаразени откако во последните 24 часа биле регистрирани 3.039 нови случаи. Тоа е најмала дневна бројка од 10 март. Вкупната бројка сега изнесува 135.586, што уште пред неколку дена беше надминато од Шпанија.

    Цивилната заштита извести дека има и нови 604 починати, што претставува пораст во однос на вчера, но е далеку од најтешките денови во земјата.

    Од КОВИД-19 досега починале 17.127 жители на Италија, а заздравиле речиси 25.000.

    Во Шпанија повторно има пораст на бројот на мртви откако во последните 24 часа починале 743 луѓе, повеќе од 100 во споредба со вчера. Шпанија е сега на 13.897 починати, како и на 140.510 заразени, од кои 5.478 се нови случаи.

    Бројот на починати во Велика Британија се искачи на 6.159, од кои 786 се во последните 24 часа, најмногу во еден ден досега.

    И сојузната држава Њујорк го имаше најсмртоносниот ден досега, со 731 починат во еден ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира