Берни Сандерс денеска ја прекина својата претседателска кампања, што значи дека Џо Бајден ќе биде кандидатот на Демократите на годинашните избори.
Седумдесет и осумгодишниот Сандерс, кој се опишува себеси како демократски социјалист, долго време беше фаворит, но во изминатите недели доста заостана зад Бајден на внатрепартиските избори.
Ова значи дека Доналд Трамп на изборите во ноември за противник ќе го има 77-годишниот Бајден, кој беше потпретседател на САД во двата мандата на Барак Обама.