ЊУЈОРК СЕГА ИМА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ОД КОЈА БИЛО ДРЖАВА, ПОЧИНАТИТЕ СЕ ПОГРЕБУВААТ ВО МАСОВНИ ГРОБНИЦИ

    ЊУЈОРК СЕГА ИМА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ОД КОЈА БИЛО ДРЖАВА, ПОЧИНАТИТЕ СЕ ПОГРЕБУВААТ ВО МАСОВНИ ГРОБНИЦИФотографии направени со дрон покажуваат дека починатите во Њујорк се погребуваат во масовни гробници (Фото: Ројтерс)

    Американската сојузна држава Њујорк сега има повеќе заразени со коронавирус од која било земја на светот, не вклучувајќи ги САД.

    Во Њујорк досега се потврдени 159.937 случаи на зараза, со што ги надмина Шпанија и Италија, но значително помал број на починати – 7.000. Кина, од каде што вирусот се прошири низ цел свет, досега има пријавено 82.000 заразени.

    Севкупно, во САД има речиси 470.000 заразени и околу 17.000 починати од КОВИД-19.

    Фотографии направени со дрон покажуваат дека починатите во Њујорк се погребуваат во масовни гробници. Снимките се направени на Харт Ајленд во близина на Бронкс, кој повеќе од 150 години се користи за погребување на лица кои немаат никакви роднини или доколку нивните семејства не можат да си дозволат погреб. Од почетокот на пандемијата, погребите на оваа локација зачестиле од еднаш на пет пати неделно.

    Само во последните 24 часа, во Њујорк починале 799 луѓе, рекордна бројка трет ден по ред.

    „Од друга страна, втор ден по ред се намалува бројот на пациенти што се примаат во болници. Тоа е знак дека социјалното дистанцирање функционира. Оваа пандемија е исто зло како 9/11“, изјави гувернерот Ендрју Куомо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира