Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) итно одобри систем за прочистување на крвта за да се третираат пациенти постари од 18 години заболени од КОВИД-19 примени на интензивна нега, кои се во опасност да им откажат белите дробови, соопшти федералната агенција.
Одобрените производи работат на тој начин што во крвта го намалуваат количеството на цитокини, мали активни протеини во крвотокот кои го контролираат имуниот одговор, преку филтрирање на крвта и враќање на филтрираната крв кај пациентот.
Протеините кои што се отстрануваат типично се во зголемен број за време на инфекции и се поврзани со „бура на цитокини“ која што се појавува кај некои пациенти со КОВИД-19 и води кон сериозно воспаление, рапиден шок, откажување на белите дробови и други органи и смрт.
„Продолжуваме да работиме низ сите сектори за да го забрзаме развојот на бројни иновативни потенцијални превентивни и терапевтски пристапи“, вели комесарот на ФДА Стивен Хан.
ФДА одобри користење на два производи за филтрирање на крвта од компаниите „Терумо БЦТ“ и „Маркер Терапеутикс АГ‘.