НАД 90 ИЗЛЕКУВАНИ ПАЦИЕНТИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА ПОВТОРНО ИМАЛЕ ПОЗИТИВЕН ТЕСТ НА КОРОНАВИРУС

    НАД 90 ИЗЛЕКУВАНИ ПАЦИЕНТИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА ПОВТОРНО ИМАЛЕ ПОЗИТИВЕН ТЕСТ НА КОРОНАВИРУСЗдравствените власти веруваат дека овие пациенти не се заразиле повторно, туку вирусот одново им се активирал (Фото: Гети)

    Светската здравствена организација кажа дека ќе ги испита извештаите дека пациенти кои биле излекувани од КОВИД-19 повторно имале позитивен тест.

    Ова следува откако јужнокорејските власти објавија дека 91 пациент за кои се сметаше дека се чисти од коронавирусот повторно биле позитивни. Јонг Еун-кјонг, директорот на Корејските центри за контрола на болести и превенција, изјави дека е поверојатно дека вирусот кај овие пациенти повторно се активирал отколку дека повторно се заразиле.

    „Свесни сме за овие случаи на пациенти кои имале негативен, па повторно позитивен тест после неколку дена. Работиме на тоа да добиеме повеќе информации за овие случаи. Мора да бидеме сигурни дека при земањето примероци од овие пациенти биле запазени сите процедури“, објави СЗО.

    Според водичот на СЗО, пациент може да биде испишан од болница ако во временско растојание од најмалку 24 часа имал два едноподруго негативни резултата.

    Здравствените власти на Јужна Кореја велат дека не знаат што стои зад овој тренд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира