ВЕЛИГДЕНСКИ МИСИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ НА ИНТЕРНЕТ СРЕДЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ, И ПАПАТА ЌЕ СЕ ОБРАТИ ОНЛАЈН

    ВЕЛИГДЕНСКИ МИСИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ НА ИНТЕРНЕТ СРЕДЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ, И ПАПАТА ЌЕ СЕ ОБРАТИ ОНЛАЈНОд многу цркви во светот денешните служби се стримуваат во живо (Фото: ЕПА)

    Папата и други христијански лидери ќе ги искористат придобивките на дигиталното доба и денеска преку интернет ќе го имаат традиционалното велигденско обраќање, додека црквите и државите низ светот се затворени поради пандемијата на коронавирусот.

    Папата Фрањо ќе прекрши повеќевековна традиција и ќе испрати онлајн порака.

    Папата Фрањо ја одржа денешната велигденска миса зад затворени врати на базиликата Свети Петар (Фото: Гети)

     

    Место говор пред десетици илјади луѓе на плоштадот во Ватикан, велигденската миса се одржа зад затворени врати на базиликата Свети Петар, а папата само се помоли пред гробот на Свети Петар, нагласувајќи ја осаменоста со која моментално се соочува целото човештво.

    Виртуелните молитви на папата се најдобриот пример за верските импровизации во времето на социјално дистанцирање.

    Архиепископот на Кантербери од својата кујна ја предводи првата национална дигитална велигденска служба во Велика Британија. Архиепископот на Панама од хеликоптер ја благослови нацијата, а Католичката црква на Филипини побара од верниците да не го бакнуваат крстот.

    Првпат по повеќе од еден век, затворена е и Црквата на Светиот гроб во Ерусалим, која се наоѓа на местото на кое што се верува дека Исус бил распнат и погребан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира