Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на КOВИД-19, соопшти Министерството за здравство. По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.
Од Министерството соопштија дека за пациентка која пред два дена почина во Градската општа болница „8 Септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на КОВИД-19. Пациентката на возраст од 76 години од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на КОВИД-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.
Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 974 лица, од кои 98 излечени, а 45 починати. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 339
Куманово – 262
Дебар – 49
Штип-31
Прилеп –89
Тетово – 43
Струга – 49
Велес – 36
Битола –9
Охрид –7
Кавадарци – 3
Гостивар –10
Гевгeлија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 25
Пробиштип – 2
Кичево – 1
Неготино -2
Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Преку ИЈЗ –310 , преку Ветеринарен факултет – 24, Авицена –24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.
Во болницата „8 Септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.
Во Битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.
„Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај“, додаваат од Министерството.
Б. НЕСТОРОСКА