ВЕЛЕШАНЕЦ КАКО ВОЛОНТЕР ПОМАГА НА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ЦРВЕН КРСТ

    ВЕЛЕШАНЕЦ КАКО ВОЛОНТЕР ПОМАГА НА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ЦРВЕН КРСТКенан Латифи со кислородна комора во која болните се превезуваат во болница.(Фото: СДК.МК)

    Велешанецот Кенан Латифи (34 год) 16 години живее во Италија, во гратчето Сан Џовани Ротондо со околу 26.000 жители. Тој три години е активист на тамошниот Црвен крст и во изминатите два месеца е ангажиран како возач на возило на брза помош, превезувајќи болни од коронавирусот.

    Латифи споделува искуство како е во Италија, но и праќа порака да се слушаат препораките на надлежните институции граѓаните да бидат дома.

    „Со оваа кислородна комора болните од КОВИД-19 се пренесуваат од дома до болница или од болницата во мојот град до соседната Фоџа. Секојдневно се транспортираат 5-6 пациенти, работиме по 15 часа. Состојбата во Италија е критична и апелирам до сите жители во мојата Македонија, останете дома и чувајте се“, порача Латифи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира