ЗАДОЛЖИТЕЛНА САМОИЗОЛАЦИЈА ПО ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС СÈ ДО ДОБИВАЊЕ НЕГАТИВЕН РЕЗУЛТАТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ЗАДОЛЖИТЕЛНА САМОИЗОЛАЦИЈА ПО ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС СÈ ДО ДОБИВАЊЕ НЕГАТИВЕН РЕЗУЛТАТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАЗа времетраењето на самоизолацијата, лицето во самоизолација не смее воопшто да излегува, треба да ги сведе на апсолутен минимум контактите со лицата со кои што живее ако не може целосно да се одвои, и треба да ги почитува препораките на Министерството за здравство за самоизолација. (Фото: К. Попов)

    Уредба со законска сила за задолжителна самоизолација при тестирање за присуство на коронавирус донесе денеска Владата. Според оваа уредба, сите домашни и странски физички лица, симптоматски и асимптоматски, на кои им е извршено тестирање за присуство на коронавирус о нивниот организам, се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на земањето на материјалот за тестирање (брис од уста, брис од грло, брис од нос, крв и слично), сé до добивањето на негативен резултат.

    „Уредбата утврдува дека ако земањето на материјал за тестирање е извршено вон домот, односно местото на потенцијална самоизолација на физичкото лице кое се тестира, лицето има обврска без одлагање во најкус можен рок и на најбрз начин, да се упати во самоизолација при што треба да ги намали, односно сведе на минимум попатните контакти со други лица, се до пристигнување на местото на самоизолација. Со уредбата се определува дека самоизолацијата трае до добивање на негативен резултат од тестирањето.
    Самоизолацијата се спроведува во домот на лицето или во стан или куќа каде што истото може целосно да биде изолирано од лицата со кои живее (викенд куќа, стан во кој што не живее и слично)“, соопшти Владата.

    За времетраењето на самоизолацијата, лицето во самоизолација не смее воопшто да излегува, треба да ги сведе на апсолутен минимум контактите со лицата со кои што живее ако не може целосно да се одвои, и треба да ги почитува препораките на Министерството за здравство за самоизолација.

    Владата одлучи самоизолацијата може да премине во домашна изолација врз основа на Решение за здравствен надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), согласно протоколите за намалување на внесот, ширењето и справувањето со коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира