КОЈ САКА ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ДОНИРА ПОВРАТОТ НА ДДВ ВО ФОНДОТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД-19, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    КОЈ САКА ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ДОНИРА ПОВРАТОТ НА ДДВ ВО ФОНДОТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД-19, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАГраѓаните на апликација „Мој ДДВ“ ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5 мај 2020 година. (Фото: К.Попов)

    Граѓаните ќе може повратот од данокот во рамките на проектот „Мој ДДВ“ да го донираат во фондот за справување со последиците од коронавирусот. Владата на денешната седница донесе Уредбата за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба.

    „За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните на апликација ‚Мој ДДВ‘ ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година“, се вели во соопштението од Владата.

    Министерката за финансии Нина Ангеловска на 1 април кажа дека проектот „Мој ДДВ“ и покрај економската криза нема да се укине и дека граѓаните ќе си ги добијат парите од скенираните фискални сметки.  Таа на пред-конференцијата кажа дека добиле многу предлози од граѓани, да се овозможи кој сака да се откаже од проектот и парите да се наменат за мерки за помош на стопанството.

    На седницата е донесена уредба се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04, како и рокот за плаќање на данокот на додадена вредност, до 30 април 2020 година.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира