ПОРАДИ КОРОНАКРИЗАТА ВО МАЈ И ЈУНИ ВО ШТИП НЕМА ДА СЕ ПЛАЌА ТАКСА ЗА ПАРКИРАЊЕ, КОРИСТЕЊЕ ЈАВЕН ПРОСТОР И ЗА ФИРМАРИНА

    ПОРАДИ КОРОНАКРИЗАТА ВО МАЈ И ЈУНИ ВО ШТИП НЕМА ДА СЕ ПЛАЌА ТАКСА ЗА ПАРКИРАЊЕ, КОРИСТЕЊЕ ЈАВЕН ПРОСТОР И ЗА ФИРМАРИНАВо мај и јуни во Штип нема да се плаќа паркинг, такса за користење јавен простор и половина фирмарина за цела 2020. (Фото: СДК.МК)

    Во мај и јуни во Штип нема да се плаќа такса за паркирање, а додека трае вонредната состојба Општината ќе ги ослободи од наплата на комунални такси и за користење јавен простор сите правни субјекти кои се погодени од кризата. Исто така, правните субјекти кои немаат остварено приход за време на вонредната состојба ќе бидат ослободени од плаќање на фирмарина со 50 проценти за 2020.

    Овие ослободувања од такси и фирмарини ги соопшти градоначалникот на Штип Благој Бочварски, кој најави дека ќе продолжи дизефекцијата на улиците и станбените објекти, делењето на заштини маски на градскиот пазар и останатите јавни површини што ги користат граѓаните вон полицискиот час.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира