УШТЕ 4 ПОЧИНАТИ, 13 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 289 ТЕСТИРАНИ ВО ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ

    УШТЕ 4 ПОЧИНАТИ, 13 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 289 ТЕСТИРАНИ ВО ЕДНО ДЕНОНОЌИЕКривата на процентот на новозаболени, според тестирањата се намалува на под 5 проценти - (Фото: СДК.МК)

    Изминатите 24 часа од направени 289 тестирање, потврдени се 13 случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. Починати се 4 пациенти, а Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени лица од коронавирус и тоа од Скопје 25, Куманово 13, Прилеп 5, Струга 1, Битола 4, Охрид 1 и Кочани 4.

    Новите 13 случаи на КОВИД-19 се од Скопје 4, Куманово 5, Прилеп 2 и Тетово 2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1. 399 пациенти.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58- годишна пациентка од Желино, Тетово, примена на Клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на Клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

    Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.

    Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза“, соопштија од Министерството за здравство.

    Во земјава до денес има 1399 заразени со корнавирус, од кои 553 излечени, 65 починати и 781 активен.

    Направените 289 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен факултет -9 , Авицена –12, Биотек–0, Филип Втори– 0, Систина со PCR метода-38 и МАНУ- 4, а ниту еден тест не е направен во Биотек и болницата Филип Втори. Досега во земјата се направени вкупно 15. 409 тестирања на КОВИД-19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

    Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9.

    На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира