БОГДАНОВИЌ ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ АЛАРОВА ИЛИ ТОДОРОВИЌ НАМЕСТО 9 СТАВИЛЕ 3 САНТИМЕТРИ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА 9 МАЈ

    БОГДАНОВИЌ ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ АЛАРОВА ИЛИ ТОДОРОВИЌ НАМЕСТО 9 СТАВИЛЕ 3 САНТИМЕТРИ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА 9 МАЈПроектот за реконструкција е изготвен во 2007 година кога градоначалничка на Општина Центар е Виолета Аларова, а улицата е завршена во 2009 година кога градоначалник е Владимир Тодоровиќ. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар ќе истражува кој е виновен што на улицата 9 мај, кај Универзална сала, наместо 9 сантиметри асфалт ставено е тројно помалку.

    Општината месецов почна со градежни работи за реконструкција на улицата. При раскопувањето и гребењето на стариот асфалт биле утврдени недостатоци во однос на претходната реконструкција. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека станува збор за недомаќинско и неодговорно работење во Центар од страна на неговите претходници и заради тоа ќе се преземат соодветни мерки односно тужби.

    „Според проектот за реконструкција изготвен во 2007 година кога градоначалничка е Виолета Аларова, дебелината на слојот требала да биде 9 сантиметри, додека на терен фактичката состојба укажува на трикратно намалување, односно изведена е со дебелина на асфалт од само 3 сантиметри. Изведбата е завршена во 2009 година кога градоначалник е Владимир Тодоровиќ. Општината за пропустите во овој случај ќе отвори постапка за вештачење, за да се утврди во чиј период е направен пропустот, по што ќе се поднесат соодветни тужби“, вели Богдановиќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира