ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ИТАЛИЈАНЦИ СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА ДОДЕКА ЗЕМЈАТА ИЗЛЕГУВА ОД ДВОМЕСЕЧНИОТ КАРАНТИН

    ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ИТАЛИЈАНЦИ СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА ДОДЕКА ЗЕМЈАТА ИЗЛЕГУВА ОД ДВОМЕСЕЧНИОТ КАРАНТИНИталија влегува во втората фаза од вонредната состојба (Фото: Гети)

    Четири милиони Италијаци од денеска се враќаат на работа откако земјата почна да ги олеснува рестриктивните мерки воведени поради кризата со коронавирусот. Италија беше прва земја на светот која воведе национален карантин и после два месеца, на жителите им е дозволено да продолжат со некои активности.

    Тие ќе смеат да патуваат меѓу региони, да посетуваат роднини, да одат во повторно отворените паркови и да купуваат храна за носење од рестораните.

    Во Италија досега има 210.717 потврдени случаи на коронавирус, додека 28.884 луѓе починале, со што таа е една од најтешко погодените држави на светот. Сепак, во последните 24 часа имаше само 174 починати од КОВИД-19 и Националната цивилна заштита објави дека земјата го надминала врвот на заразата и дека почнува втората фаза од вонредната состојба.

    Училиштата, фризерските салони и теретаните остануваат затворени, додека кафулињата и рестораните ќе работат само со нарачки.

    „Научниците будно ќе ја следат кривата на заразата за време на втората фаза и регионите повторно ќе можат да воведат строги мерки ако има пораст на нови случаи“, кажа премиерот Џузепе Конте.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира