ИСЧЕЗНА ГЕРМАНСКИ АВИОН СО ШЕСТ ПАТНИЦИ НА СЛЕТУВАЊЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    Приватен авион со шест патници исчезна од радарот при слетување на Скопскиот аеродром во 17.40 часот, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    МВР било известено од Контролата на летање на аеродромот Александар Велики дека на 10 километри од пистата кон југ се изгубил од радар приватен авион со германска регистрација во кој имало шест патници.

    Според првичните информации авионот полетал од Тревизо, Италија и побарал дозвола за слетување во Скопје за дополна на гориво.

    Не се знае која била крајната дестинација на леталото.

    МВР започна потрага по авионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира