Деветтемина уставни судии на колегиум денеска едногласно одлучиле дека нема услови повторно да се свика Собранието.
По час иполовина расправа тие одлучиле дека се работи за веќе пресудена работа. На осми и 15 април Судот расправаше по иницијатива против одлуката за распуштање на Собранието на 16 февруари и одлучи да не поведе постапка против неа,бидејќи е уставна и е во согласност со законите.
Предлогот беше на уставниот судија Осман Кадриу, по барањата на одредени функционери и правници да се состане Собранието, да ги потврди двете одлуки за вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски, а најмногу поради тоа што нема Собрание за да ја контролира техничката влада.
На крајот и самиот предлагач Кадриу гласал да се отфрли неговиот предлог.
Собрание ќе се свика само во нов состав, по одржување на парламентарни избори.
С. К. ДЕЛЕВСКА