ДВАЈЦАТА НОВОЗАБОЛЕНИ БИТОЛЧАНИ СЕ ОД ПОТЕСНОТО СЕМЕЈСТВО НА БОЛНИОТ ОД КОВИД-19 КОЈ ПОЧИНА ПРЕД ТРИ ДЕНА

    ДВАЈЦАТА НОВОЗАБОЛЕНИ БИТОЛЧАНИ СЕ ОД ПОТЕСНОТО СЕМЕЈСТВО НА БОЛНИОТ ОД КОВИД-19 КОЈ ПОЧИНА ПРЕД ТРИ ДЕНАБитолчанецот починал на 4 мај во Клиничката болница во Битола неполн час по приемот, а посмртно кај него било потврдено дека е позитивен на коронавирусот; - Од дезинфекцијата на јавните површини во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Двајцата новозаболени битолчани од КОВИД-19 кои се евидентиурани во денешниот здравствен билтен, се членови на потесното семејство на 63-годишниот битолчанец кој почина од коронавирус, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министетството за здравство. Битолчанецот починал на 4 мај во Клиничката болница во Битола неполн час по приемот, а посмртно кај него било потврдено дека е позитивен на вирусот.

    Бил хоспитализиран со пневмонија, но за многу кратко време починал на Интерното одделение, па му бил земен брис кој потврдил дека бил заразен од коронавирус.  По ова, двајца членови од неговото семејство уште завчера биле тестирани на КОВИД-19, а денес излегоа резултатите дека се позитивни.

    Од зврадвствените работници во болницата никој не отиде во самоизолација зашто, како што соопштија од Министерството за здравство, персоналот кој бил во контакт со болниот бил со соодветна заштитна опрема. Воедно, болниот бил примен во одделна соба и немал контакт со други пациенти.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира