„ЌЕ БИДАМ ЛИДЕР НА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ГО НАДМИНАМ ТИТО“, БОКИ 13 ПОБАРА ДОЗВОЛА ДА ПРАЌА ПОЛИТИЧКИ СООПШТЕНИЈА ОД ШУТКА

    „ЌЕ БИДАМ ЛИДЕР НА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ГО НАДМИНАМ ТИТО“, БОКИ 13 ПОБАРА ДОЗВОЛА ДА ПРАЌА ПОЛИТИЧКИ СООПШТЕНИЈА ОД ШУТКАНа 19 и 20 мај се завршните зборови за „Рекет". - Првообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13 (Фото: СДК.МК)

    Првообвинетиот во „Рекет” Бојан Јовановски, по вчерашната најава што ја даде пред судијката Васка Николовска-Масевска дека тој ќе докаже оти овој предмет е исконструиран за да се урне СЈО, но тој иако е искористен како маша, ќе докаже дека е невин и ќе се бави со политика, денеска побара од неа да му овозможи да испраќа соопштенија од притворот во Шутка.

    „Во однос на мојот вчерашен исказ дека ќе се занимавам со политика, би сакал судот да ми овозможи да имам право да испраќам соопштенија до јавноста кои ќе ги пласирам преку вас и да не ме цензурирате. Јас со овој предмет немам забрана за вршење на каква било политичка дејност. Целта ми е сите политички малверзации во оваа држава да ги посведочам за да станам лидер на нова европска Македонија“, рече Јовановски.

    На тоа обвинителката Вилма Русковска го вклучи микрофонот и кажа: „Судија, да не решил со неговиот политички ангажман да го достигне Јосип Броз Тито?“

    „И ќе го надминам“, врати Боки.

    Вчера тој пред судот кажа дека чувствува оти ќе добие ослободителна пресуда. Пред вас стои идниот лидер на оваа држава, рече Јовановски.

    Доказната постапка денеска заврши. На 19 и 20 мај се завршните зборови за „Рекет”.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира