36 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 411 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 58-ГОДИШЕН ВЕЛЕШАНЕЦ

    36 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 411 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 58-ГОДИШЕН ВЕЛЕШАНЕЦВкупно дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 1.622 лица, оздравени пациенти се 1.112, починати се 91, а во моментов активни случаи во земјата има 419. Медицински лица на Инфективната клиника во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 58-годишен пациент од Велес, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај, велат од Министерството за здравство.

    Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.

    Во изминатото деноноќие на Инфективната клиника примени се 3 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 3 пациенти.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се 3 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово се хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Виница-1.

    Вкупно дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 1.622 лица, оздравени пациенти се 1.112, починати се 91, а во моментов активни случаи во земјата има 419.

    Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 538, активни 131
    Куманово – 408, активни 63
    Дебар – 51, активни 0
    Штип-35, активни 2
    Прилеп –173, активни 65
    Тетово – 108, активни 53
    Струга – 67, активни 16
    Велес – 107, активни 51
    Битола –22, активни 3
    Охрид –15, активни 9
    Кавадарци – 5, активни 1
    Гостивар –18, активни 4
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 2, активни 0
    Крива Паланка- 6, активни 2
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 31, активни 5
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 2, активни 1
    Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 0
    Пехчево- 3, активни 2
    Делчево-1, активни 1
    Валандово -1, активни 1
    Виница – 2, активни 0
    Кратово-1, активни 1
    Берово-1, активни 1

    Направените 411 теста се преку: ИЈЗ –248, Ветеринарен факултет -13, Авицена –14, Биотек -42, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со ПЦР метода -27 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на КОВИД -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира