„МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА“ СЛЕДНАТA НЕДЕЛА ПРЕКИНУВА СО РАБОТА ОТИ ДЕЛОВЕН ПАРТНEР БИЛ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    „МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА“ СЛЕДНАТA НЕДЕЛА ПРЕКИНУВА СО РАБОТА ОТИ ДЕЛОВЕН ПАРТНEР БИЛ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    „Маркарт Македонија“ со писмено соопштение доцна вечерва објави дека ќе има прекин во работата следната седмица, поради тоа што деловен партнер, кој и немал контакт со вработените, бил позитивен на КОВИД -19.

    „’Маркарт Македонија’, како транспарентна и одговорна компанија која максимално ги почитува мерките за здравје и безбедност при работа од самото основање на компанијата, а особено во услови на пандемија каде на прво место е здравјето на вработените, би сакала да ја информира јавноста дека лице вработено во надворешна компанија, деловен партнер на ‘Маркарт’, е позитивно на коронавирус. Ова лице не беше во директен контакт со вработените на ‘Маркарт Македонија’ и затоа нема простор за паника. Менаџментот на ‘Маркарт Македонија’ и покрај сите спроведени мерки, а со цел целосна превенција и сведување на минимум на можноста за ширење на вирусот, донесе одлука за затварање на фабриката во текот на наредната недела“, се вели во соопштението.

    Компанијата во близината на Велес вработува 650 лица, а произведува автомобилски делови за гигантите „Мерцедес“ и „Порше“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира