Управата за јавни приходи (УЈП) ги подготви годишните даночни пријави за 2019 година. Денеска УЈП ги повика регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за минатата година преку своите кориснички профили.
Граѓаните може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31 мај 2020 година.
По истекот на законскиот рок на 01 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Даночните пријави на физичките лица кои ниту се потврдени, ниту коригирани, ќе бидат службено потврдени онака како што ги пресметала УЈП.
„Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, пак, ќе биде одобрена од службено лице на Управата. Ако службеното лице не ја одобри пријавата, ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година“, соопшти денеска УЈП.