ИЛОН МАСК САМОВОЛНО ЈА ОТВОРИ ФАБРИКАТА НА „ТЕСЛА“ ВО КАЛИФОРНИЈА И ПОВИКА ДА ГО УАПСАТ АКО СМЕАТ

    ИЛОН МАСК САМОВОЛНО ЈА ОТВОРИ ФАБРИКАТА НА „ТЕСЛА“ ВО КАЛИФОРНИЈА И ПОВИКА ДА ГО УАПСАТ АКО СМЕАТФабриката на „Тесла“ се наоѓа во област која засега ги нема олеснето рестриктивните мерки (Фото: АП)

    Илон Маск повторно ја отвори единствената фабрика на „Тесла“ во САД, спротивно на наредбите на локалните власти во Калифорнија, кои немаат дадено зелено светло за продолжување на производството. Тој им порача да дојдат да го уапсат ако се осмелуваат.

    „‘Тесла‘ продолжува со производството и јас ќе бидам во фабриката заедно со сите други вработени. Ако некој треба да биде уапсен, тоа сум јас“, напиша Маск на Твитер.

    Полицијата на областа Аламеда кажа дека е свесна за ситуацијата, но дека ќе реагира само на барање на здравствените власти.

    Маск, кој цело време зборува против рестриктивните мерки во САД, претходно се закани дека ќе го исели седиштето на компанијата од Калифорнија ако не биде дозволено фабриката во Фремонт да продолжи со работа. Тој лани отвори фабрика на „Тесла“ во Шангај и почна да гради нова во близина на Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира