ОСУМ БОЛНИ СО КОРОНАВИРУС СЕ ЛЕКУВААТ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

    ОСУМ БОЛНИ СО КОРОНАВИРУС СЕ ЛЕКУВААТ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦАСтанува збор за пациенти над 60-годишна возраст, повеќето се жени и доаѓаат од селските средини од Куманово и Липково, вели началникот на Инфективното одделние во Кумановската болница Азиз Бајрами. (Фото: СДК.МК)

    На Инфективното одделние во Кумановската болница хоспитализирани се 8 болни од коронавирус. Според началникот на оддлението Азиз Бајрами, кој и самиот беше позитивен на коронавирусот, сите пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен една која е на кислородна поддршка.

    „Станува збор за пациенти над 60-годишна возраст, повеќето се жени и доаѓаат од селските средини од Куманово и Липково“, рече Бајрами.

    Директорката на Кумановската болница Снежана Захариева вели дека последната недела постои тренд на опаѓање на хоспитализирани пациенти на Одделението за инфективна нега и бројот не преминува преку 10, а во екот на пандемијата имало и повеќе од 35 само на едно од одделенијата.

    „Во моментот имаме 8 пациенти, од кои двајца се позитивни, а другите шестмина се негативни, меѓутоа лежат затоа што им е продолжена терапијата до целосно оздравување. Некои имаат услови да бидат пуштени дома, но сепак ќе почекаме да ја видиме клиничката слика и лабораториските резултати“, рече Захариева.

    Таа додаде дека сите здравствени работници кои биле позитивни на коронавирус се оздравени и вратени на работа, сите оддели се екипирани и чекаат насоки од Министерството за здравство да ги отворат амбулантите за пациентите.

    Денеска, Инфективното одделение доби донација уред за дезинфекција на простории со ултравиолетови зраци, од Меѓународниот Славјански универзитет од Свети Николе.

    „Уредот е мобилен, лесно подвижен низ простории, има сопствено напојување, може да се користи и во простории каде што нема електрична инсталација, има силни УВ-лампи кои зрачат 360 степени во сите правци и во период од 15 минути може да дезинфицира просторија од 50 метри квадратни, а за сите останати микроорганизми за 30 минути, се контролира од далечина надвор од просторијата“, изјави Ивица Поцков од фирмата изработувач.

    Вредноста на уредот е околу 1.000 евра.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира