ОГРАБЕНА ЕКСПОЗИТУРАТА НА МАКЕДОНСКИ ПОШТИ ВО ОХРИД, РАЗБОЈНИКОТ ВЕДНАШ УАПСЕН

    ОГРАБЕНА ЕКСПОЗИТУРАТА НА МАКЕДОНСКИ ПОШТИ ВО ОХРИД, РАЗБОЈНИКОТ ВЕДНАШ УАПСЕНЗасега не познато колку пари се украдени. - Центарот на Охрид (архивска фотографија)

    Претпладнево беше ограбена експозитурата на Македонски пошти во Охрид, во близина на мини-маркетот, потврдија од МВР. Со брза интервенција на полицијата разбојникот е веднаш уапсен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

    Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски кажa дека се работи на расветлување на случајот и засега не се открива индентитетот на сторителот, ниту неговото место на живеење.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира