ОД УТРЕ НЕМА ПОСЕБЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И МАЛОЛЕТНИТЕ

    ОД УТРЕ НЕМА ПОСЕБЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И МАЛОЛЕТНИТЕДенеска беа регистрирани 29 нови случаи на заболени од КОВИД-19. - Од седница на Уставниот суд (архивска фотографија)

    Уставниот суд на денешната седница изрече времена забрана за владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години и од утре тие ќе можат да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне.

    Уставниот суд изрече времена забрана и за ограничувањето за лицата помлади од 18 години. И за нив, полицискиот час ќе важи како и за останатите граѓани од 19 до 5 часот, место да смеат да излегуваат само од 12 до 19 часот.

    Уставниот суд, покрај времената забрана за ограничување на движењето за овие две категории, поведе и постапка за тие ограничувања и на некоја од наредните седници ќе се гласа за уставноста на полицискиот час за малолетниците и пензионерите, за кој што мнозинството од уставните судии сметаат дека е дискриминаторски.

    Денеска, Министерството за здравство регистрираше дваесет и девет нови случаи на КОВИД-19. Вкупно досега, во нашата земја вкупно дијагностицирани со КОВИД-19 се 1.723 лица, оздравени пациенти се 1.235, починати се 95, а активни случаи се 393.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира