МАСЛИНОВА ПОДДРШКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:94:"Аушвицнегизагрозувагрчкитенационалниинтереси

    1. Каква врска има педесетгодишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц со сонцето од Вергина? Никаква. Ама кога треба оправдување – врска се наоѓа. Па министерот за надворешни работи на Грција Каролос Папуљас си најде оправдување за отсуството од комеморацијата во Полска – во истакну­вање­то на македонското знаме од страна на организаторите.
    Впрочем, што е битен Аушвиц во споредба со проблемот на Скопје? Навистина, со појавувањето на комеморацијата можеа да се претстават како антифашисти, ама вреди ли да се оди до таму, кога Аушвиц не ги загрозува грчките национални интереси? Освен тоа, во логорот изгинале милион Евреи. Кој им е виновен што не се чувствувале Грци, па да заслужат малку повеќе почит од онаа што Грците ја имаат за ѕвездата од Вергина.

    2. Ние со почит гледаме на напорите на нашиот јужен сосед да ни помогне во стабилизацијата и во таа смисла ги цениме неговите жртви и штети што ги трпи од ембаргото воведено со цел да ни даде поддршка во развојот. Затоа и многу ни е сфатлива логиката на одбраната на Грција пред Европскиот суд кој треба да докаже дека “во Грција никој не сака да ја задуши Македонија, туку спротивно, за цело време на ембаргото ја продолжила поддршката на северниот сосед”.
    Педантните Грци пресметале дека нé поддржале со 501 тон маслинки и со уште не знам колку тони зеленчук, сокови и макарони, затоа што ембаргото било лабаво. Арно ама, кога човек ќе поразмисли, ќе сфати дека поддршката не е само во маслинките. Да не беше грчкото ембарго, никогаш немаше да ни текне дека покрај трансверзалата север-југ постои и коридор исток-запад. Да сме здрави и живи, кога ќе ја завршиме пругата до бугарската граница, по повод свеченото пуштање во сообраќај ќе треба да откриеме спомен-плоча во знак на благодарност кон Грција.

    3. Фадил Сулејмани добил покана да ги посети САД и таму да учествува на тркалезната маса за прашања на албанската заедница. Поканата му е испратена од претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Пратеничкиот дом на Конгресот. Значи, работава е ептен официјална. А писмото до Сулејмани е адресирано како до “претседател на Универзитетот во Тетово”.
    И министерот за надворешни работи на Македонија Стево Црвенковски патува за САД. Да ја подготви посетата на “претседателот” Сулејмани.

    4. Русите влегоа во Грозни, а Елцин изјави дека се “создадени услови за преминување од оружен судир кон мирољубив начин на живеење во Чеченија, во рамките на Руската федерација”. И сега што ќе прави? Ќе им организира избори? Ќе им формира влада и парламент? Да сакаа Чеченците Русите да им продаваат демократија, немаше сега да одат во партизани.
    Истиот принцип за создавање услови за мирољубиво решавање на кризата го користеа и Србите во хрватската и босанската војна. Ќе бомбардираат од надвор, ќе го уништат градот, ќе влезат во него и ќе создадат мир, бидејќи од градовите направија градови на духови.
    За да биде приказната заокружена, и рускиот амбасадор во Атина, по разгово­ри­те со грчкиот министер за надворешни работи Папуљас, изјавил дека за ситуа­ција­та во Чеченија “постои разбирање од грчката страна”.

    5. Минатата недела приватната ТВ станица “А1”, по повод вториот роденден, приреди коктел во скопскиот хотел “Континентал”. Коктел како коктел, свечена гардероба, познати фаци, многу лапачка и пијачка и сето тоа организирано во свежо реновирани простории. Нели, во “Континентал” влегоа некои Французи, па беше најавувано дека ќе биде “де лукс” и слични работи.
    Арно ама, не Французи, и Марсовци да дојдат и да вложат во хотелот, “Континентал” ќе си остане “Континентал” – прв социјалистички хотел од советско-бугарски тип. Можете ли да си ја замислите сцената кога доаѓаат гостите, повеќето од нив угледни лица познати во јавноста, наконтени како за прослава и се редат во редот за да ги остават палтата на гардероба, а таму гарде­роберот наплаќа по триесет денари парче и го расфрлува ситнежот од десет и дваесет денарки без ред на едно столче уште од хотелскиот период пред Фран­цузите. Сликата со бундите, гардероберот, столчето и гостите со ситно во рацете, а демек дошле на свечен настан, беше на ниво на собирање пари од страна на дечињата што ги окупираат најпрометните скопски крстосници, за да ти ја замијат шофер­шајбната за десетина денари.
    Претседателот Киро Глигоров сигурно си го оставил палтото во кола. Инаку и тој ќе требаше да се нареди со триесет денари во рацете и да ги фрли на столчето на “де лукс” хотелот. Оди по линија на помал отпор. Не сака да се разочарува кога ќе види како тешко се менуваат старите навики.

    6. Колегата Бране Димовски пред некоја вечер прописно нé “олади” кога при крајот на дневникот ни рече: “А сега една тажна вест!” Си помислив, или удрил уште еден земјотрес во Кобе, или цистерните со мазут заглавиле на Деве Баир, или Уставниот суд донел одлука да не се плаќа РТВ претплата. А тоа умрела Роуз Кенеди на 104-годишна возраст.
    “Со почит кон госпоѓа Роуз”, рече Бане Димовски и го заврши дневникот –  “Тоа беше сé и пријатно!”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира