Италијанската влада потпиша уредба со која од 3 јуни повторно ќе бидат дозволени патувањата од и во земјата, што е следен голем чекор во олеснувањето на рестриктивните мерки.
Повторно ќе може да се патува и меѓу регионите, што исто така досега беше строго ограничено.
Повеќе од 31.600 луѓе починаа од КОВИД-19 во Италија, но стапката на зараза падна значително во изминатите денови. Италија беше прва земја во Европа која воведе национален карантин, откако пред повеќе од два месеца коронавирусот почна брзо да се шири во северните региони.
На 18 мај се отвораат и продавниците и рестораните, со почитување на мерката на социјално дистанцирање, додека на 3 јуни се укинуваат сите ограничувања во патувањето.